Бразил се мачи во квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се одржи во три земји Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико.
„Кариоките“ по седум одиграни кола имаат забележано само три победи и со десет бода се наоѓаат на 4. место на табелата што секако е премалку за земјата на фудбалот.
Сепак селекторот Доривал Жуниор не е загрижен и не само што е убеден дека Бразил ќе се пласира на мундијалот туку и дека ќе игра во финалето на истиот.
– Не само што ќе бидеме на СП во 2026 година, туку ќе бидеме и финалисти. Можете да ме снимате како го кажувам ова. Немам ни трошка сомнеж дека таму ќе се најдеме, -порача 62-годишниот Жуниор.