Во Турција преодниот рок трае до 13 септември, па така клубовите имаат се уште право да се засилуваат.
Тоа го искористи и Бешикташ кој се засили со поранешниот фудбалер на Интер, Жоао Марио.
31-годишниот играч од средниот ред следната година ќе ја помине во Бешикташ со можност за откуп на крајот од сезоната.
За националниот тим на Португалија Жоао Марио одигра 56 натпревари и постигна три гола.