Португалскиот фудбалер Жоао Кансело оваа сезона игра во одлична форма во дресот на Манчестер Сити.
Кансело дојде во Сити летото 2019 година од Јувентус за 65 милиони евра и тоа се покажа како одличен потег на предводникот на англискиот клуб.
27-годишниот фудбалер во досегашниот дел од сезоната одигра 30 натпревари во сите натпреварувања, а успеа да постигне три гола и да забележи осум асистенции.
Кансело воодушеви од своите игри како десен бек, а челниците на Манчестер Сити решија да го наградат за одличните игри.
Имено, Кансело денеска го продолжи договорот со Сити, и потпиша договор за соработка до летото 2027 година. Преговорите за нов договор започнаа кон крајот на декември, а вчера беа успешно завршени.