Home » Живеат во безбедна земја, но каде Швајцарците го чуваат своето злато?

Живеат во безбедна земја, но каде Швајцарците го чуваат своето злато?

by Журнал.мк

Една неодамнешна студија на Универзитетот Св. Гален открил дека 65,2% или две третини од 3.000 испитаници во Швајцарија веруваат дека инвестирањето во благородни метали е разумно. Всушност, златото е еден од омилените облици на инвестирање за жителите на оваа богата земја, но недвижностите, акциите и обврзниците сè уште предничат.

Гореспоменатото истражување резултираше со импресивни бројки. Имено, утврдено е дека 22% од испитаниците имаат во просек по 100,83 грама злато во вредност од 7.500 франци (околу 8.000 евра). Се проценува дека населението на Швајцарија има вкупно 200 тони злато во вредност од 14,9 милијарди франци (15 милијарди евра). Понатаму, истражувањето покажа дека 43% би продавале злато само во итни случаи.

Швајцарците би можеле да се споредат со пирати по начинот на кој го кријат своето злато. Имено, пет проценти од испитаниците рекле дека го закопале во градината. Се проценува дека под земја има десет тони злато во вредност од 750 милиони франци (околу 800 милиони евра).

Дополнително, 15% од оние кои рекле дека благородниот метал го чуваат скриено дома, додека 18% од нив тврдат дека го чуваат во домашен сеф.

Професорот по економија на Универзитетот во Фрајбург, Серџо Роси, изјавил дека бил изненаден кога дознал дека луѓето се уште го закопуваат златото, а тоа е показател за недоверба во банките, што банките мора да го земат предвид, пишува порталот Swissinfo.

Роси вели дека не е изненаден од интересот на неговите сограѓани за злато. Според него, политичките и макроекономските промени предизвикуваат загриженост во целиот свет, вклучително и во Швајцарија.

– Има инфлациски притисоци кои предизвикуваат страв од пад на вредноста на штедењето во банките. Златото е познато како сигурна инвестиција која не губи вредност. Луѓето кои можат да си дозволат да купуваат злато го прават тоа за да го одржат или дури и да го зголемат својот имот – додава Роси, пишува Klix.ba..

Тој истакна дека богатството на просечниот Швајцарец е многу поголемо отколку во многу други земји. Како што наведе, Швајцарците можат да купат тони злато, што е тешко или невозможно во многу други земји.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk