Home » Жителите од селата Горно и Долно Бањица од утре најавуваат дека ќе ја блокираат работата на работниците на „Бехтел и Енка“

Жителите од селата Горно и Долно Бањица од утре најавуваат дека ќе ја блокираат работата на работниците на „Бехтел и Енка“

by Журнал

Блокада ќе ги дочека утре работниците на Бехтел и Енка, откако 5000 жители на гостиварските села Горна и Долна Бањица, се противат на присилното одземање на нивните земјишта.

Се жалат дека Владата без да ги праша, им испратила решенија за експропријација, оти таму требало да се градат кампови за градежните работи на патиштата од коридорот 8, кои ги гради американско-турскиот конзорциум. Земјиштето со површина од 65 хектари, од кои најголем дел е земјоделско, им било единствениот приход.

Засега, ниту жалбите испратени до Управниот суд немаат резултат. Жителите се револтирани и од цената од 650 денари за квадрат, која дел од нив ја добиле за експропријацијата, за која велат дека е смешна.

Според законот треба што побрзо да се изврши експропријација во тој дел за да им се овозможи на Бехтел и Енка да започнат да градат, вели првиот човек на државните патишта Ејуп Рустеми.

– Кога се градат нови патишта тоа е од јавен интерес и тогаш се постапува по законски норми. Таму е предвидена траса и изградба на камп според урбанистичкиот проект и мора да го почитуваме бидејќи е одобрен од Владата и е дел од договорот со Бехтел и Енка.

Утрешниот протест ќе биде петти, но и најжесток, најавуваат овие жители.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More