Home » Жителите на скопските Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор и Орман како и делот од Ѓорче Петров во околината на школото Беровски попладнево останаа во мрак

Жителите на скопските Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор и Орман како и делот од Ѓорче Петров во околината на школото Беровски попладнево останаа во мрак

by Журнал.мк

Жителите на скопските Волково, Ново Село, Кисела Јабука, Стопански Двор и Орман како и делот од Ѓорче Петров во околината на школото Беровски попладнево останаа во мрак. Нема информација дали има некаков дефект на електричната мрежа.

Жителите на селата се жалат дека се исклучени од струја веќе еден час и не знаат кога ќе добијат струја.

-За ноќеска за кога се најавени минусни температури ќе останеме без греење, а ако потрае и подолго ова исклучување ќе ни ги одмрзне и замрзнувачите. Не знаеме која е причината за исклучувањето, бидејќи немаше најава дека денеска нешто ќе се работи во овој регион – вели жител од Волково.

Тој не знаеше да каже дали екипи на ЕВН работат на некаков дефект во околината.

Плусинфо се обиде да добие информација од ЕВН, но неуспешно бидејќи телефонот за информации на компанијата е презафатен.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk