Home » Жителите на Центар и Карпош да се огледаат на оние од Шуто Оризари, таму степенот на вакцинација за морбили беше најголем

Жителите на Центар и Карпош да се огледаат на оние од Шуто Оризари, таму степенот на вакцинација за морбили беше најголем

by Журнал

„Најмногу ме загрижува тоа што се случува во регионот со големата кашлица, нешто што го има во соседните земји неминовно е да дојде и кај нас“ вели за тв Телма професор д-р Никола Пановски.

„Во Србија, па дури и во Хрватска како членка на Европската Унија, до тој степен е навлезено антиваксерството, што ни Македонија не би можело да се рече дека е далеку од тоа, без оглед што деновиве расте бројот на оние кои се вакцинираат. Доказ за тоа се некои само навидум урбани општини и епидемијата со морбили која не беше така одамна и која може пак да се случи“ вели професорот.

„Гледав резултати во Шуто Оризари, скопската општина немаше ниту еден случај на морбили, кога беше епидемијата. Зошто? Затоа што е најголем степен на вакцинација во Македонија. Порачувам баш од ова место, општина Центар и општината во која живеам Карпош, големите интелектуалци под наводници да се огледаат на своите сограѓани од Шуто Оризари. Посебна порака до кумановците и струмичаните кои имаат најнизок степен во Македонија, зборам на републичко ниво, а поздрав до прилепчани кои имаат единствено заедно со Кочани кои имаат 98% имунизација, значи 3% над она што го бараме за имунизација. Самиот факт дека во Шуто Оризари каде најмногу може да се пренесува болеста, заради начинот на живеење и супстандардни услови, голем број на деца ја примија вакцината за морбили, се надевам и за црната кашлица постигнала успех, нека им служи на овие „големите“ интелектуалци, некои доктори на науки итн, што расправаат прикаски и нека се погледнат во огледало“ изјави микробиологот проф. д-р Никола Пановски за тв Телма.

Важно е родителите да бидат свесни, вели тој, дека и кога ќе ги вакцинираат своите деца и ќе ја добијат потврдата со која може да посетуваат градинка веднаш да не ги носат во градинка.

„И како што беше со ковидот, што медицински е неоправдано, го вакцинираме денеска и истиот ден му даваме потврда што е глупост. Тој не е заштитен, никој не е заштитен после боцкањето. За некоја болест треба месец, два, најмалку три недели за да стекне имунитет. Значи сега ќе го боцнеме и ќе го пуштиме во градинка, а ниту треба да го примат таму, треба да помине време за бебето или детето да добие имунитет“ вели д-р Никола Пановски.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More