87
На 31.08.2024 околу 20.00 часот во Полициско одделение Галате било пријавено дека во својот дом бил пронајден починат М.С.(61) од гостиварско Врапчиште. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било пренесено во Медицински центар „Ферид Мурад“ во Гостивар за понатамошна постапка.