Home » Жезус разочаран: Ако немало расизам, зошто Ачерби ми се извинуваше…

Жезус разочаран: Ако немало расизам, зошто Ачерби ми се извинуваше…

by Lina Muslija

Дефанзивецот на Наполи, Хуан Жезус, не го криеше разочарувањето откако италијанскиот спортски суд го ослободи Федерико Ачерби од обвинението за расизам за време на последното дерби меѓу Интер и Наполи.

Бразилскиот дефанзивец останува шокиран од ваквата разврска на судскиот процес, потенцирајќи дека не може да разбере како можеше фудбалерот на Интер да биде ослободен за прекршок што самиот тој му го призна по натпреварот.

„Неколку пати ја прочитав пресудата на спротскиот суд дека не постоел доказ за расистичко навредување на мечот Интер – Наполи, иако ја почитувам морам да кажам дека ме остава со горчлив вкус. Искрено жалам за ваквиот исход за така сериозен престап за кој јас се однесував како господин, можев, но не сакав да направам прекин на натпреварот и да го уништам дерби-спектаклот, надевајќи се дека правдата на крајот ќе биде задоволена. Не можам да поверувам во објаснувањето дека „не постоел доказ за извршен престап“, што е тогаш извинувањето веднаш по натпреварот, кое го потврди и самиот Ачерби. Не очекував ваков исход на еден така сериозен случај, се надевам дека не сум во право нема да претставува преседан за да се добие слобода за исто однесување на фудбалските терени низ Италија и во иднина“, објави Хуан Жезус.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More