Home » Жестоко гранатирање на Харков: Најмалку 12 загинати и десетици ранети во напад на хипермаркет

Жестоко гранатирање на Харков: Најмалку 12 загинати и десетици ранети во напад на хипермаркет

by Журнал.мк

Бројот на загинати во рускиот воздушен напад на хипермаркетот „Епицентар“ во Харков, на североистокот на Украина, се зголеми на 12, а 43 лица се повредени, соопшти обвинителството на регионот Харков.

Украинските медиуми објавија дека руските сили неколку пати го гранатирале Харков.

Руските сили синоќа ја нападнале Украина со беспилотни летала и ракети Кинжал.

Откако руските сили ја нападнаа продавницата, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика светските лидери да обезбедат поголема заштита од воздушни напади.

Од друга страна, рускиот град Белгород претрпе ракетен напад во кој загинаа три лица, а 10 се повредени, соопшти гувернерот Вичеслав Глатков.

Војската на Украина во Доњецк соопшти дека соборила уште еден руски авион Су-25, осми по ред во изминатите 20 дена, што го потврди и Зеленски.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг ги повика сојузниците да ја укинат забраната Украина да користи оружје на Алијансата во нападите врз воени цели на територијата на Руската Федерација.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More