Home » Жесток дуел на Пашоли и Таравари

Жесток дуел на Пашоли и Таравари

by Журнал.мк

Пратеничката од Европскиот Фронт, Арбана Пашоли, го праша министерот за здравство Арбен Таравар дали ќе го одржат ветувањето дека ќе ја укинат формулацијата од 20 отсто за албанскиот јазик и ќе го официјализираат албанскиот во Уставот. Таравари побара време.

„Рековте дека во овој владин мандат албанскиот јазик повеќе нема да остане јазик од 20 отсто, туку во Уставот ќе биде јасно дефиниран како албански јазик, службен јазик покрај македонскиот јазик. Ова ќе го направите дури и со измена на Уставот“, рече Пашоли.

„Ние сме во влада околу 7-8 месеци и кажавме дека ќе инсистираме и ќе се обидеме албанскиот да стане официјален јазик, а не 20% јазик, но нашиот мандат е 7-8 месеци“, рече Таравари.

Пашоли го праша Таравари и за уставните измени.

„Ветивте и уставни измени за да го отворите патот на РСМ кон интеграција во ЕУ, но изгледа од кажаното до направеното има цела планина и за жал ги прекршивте сите рокови на кои самите се заложивте и со излегувањето со храброст да барате уште повеќе време“, запраша Пашоли.

„Седум мандати бевте на власт, од 2002 година ветивте дека ќе започнете преговори и никаде не сме. Од 2002 година 20 години ветувате и се сликавте во авион дека ќе почнеме преговори во 2018 година, дури и со овој што го имате во егзил – нон грата, бевме во дебата, го прашав дали сте сигурни дека ќе ги започнеме во 2018 година, рече еве јавно кажувам дека на 1 јуни 2018 година Македонија ќе ги започне преговорите со Европската Унија“, возврати Таравари.

За спроведување на уставните измени, Таравари му нуди на Фронтот да влезе во Владата.

„Ако имате формула како може да се направат уставни измени, ние ќе ви дадеме место во Владата, влезете. Ако не, молчете, останете во опозиција, размислете и реформирајте“, додава Таравари.

Споредувајќи ја работата меѓу Таравари и лидерот Али Ахмети, двајцата говорници ги коментираа и биографиите на двајцата лидери.

„За ова можете слободно да ја погледнете биографијата на лидерот на ДУИ, кој во оваа биографија нема зборови туку дела“, рече Пашоли.

„Го знам CV-то на г. Ахмети, но ќе го видам и денес. Сериозно, не знам каде дипломирал“, возврати Таравари.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk