Home » Жените во Авганистат нема да смеат да зборуваат надвор од дома

Жените во Авганистат нема да смеат да зборуваат надвор од дома

by Журнал.мк

Во Авганистан, талибанските власти воведоа уште една строга забрана за жените – отсега тие нема да можат да зборуваат надвор од нивните домови, според новиот манифест на талибанската влада, кој содржи 114 страници и ги детализира ограничувањата за женските права.

Жените досега не смееја да се образуваат по шесто одделение, да работат на поголемиот број работни места и немаат пристап до јавни простори како паркови, теретани и салони. Исто така, им е забрането патување без придружба на машки роднина и мора да бидат целосно покриени при излегување од дома.

Со новата забрана за зборување надвор, жените нема да можат да прават основни работи како купување или користење такси без машки придружник.

Талибанските закони за моралот се спроведуваат од т.н. полиција за порок и доблест, чија задача е да обезбедат почитување на овие прописи.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk