-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Жените помеѓу 25 и 60 години имаат големи шанси за развој на оваа болест која тивко напаѓа

Најчитани вести

Фибромијалгија претставува појава на хронична широкораспространета болка и алодинија (зголемен и болен одговор на притисок). Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки и фактори од околината.

Жените помеѓу 25 и 60 години имаат големи шанси за развој на фибромијалгија. Докторите не се сигурни зошто, но кај жените шансите за заболување од оваа состојба се 10 пати поголеми отколку кај мажите. Некои истражувачи сметаат дека генетиката може да игра улога, но сè уште со сигурност не се знае кои специфични гени би можеле да бидат поврзани со оваа состојба.

Симптомите на фибромијалгија не се ограничени само на болка, туку вклучуваат и сериозен замор, нарушување на сонот и намалена зглобна подвижност. Заради овие особености во употреба е и називот синдром на фибромијалгија.

Лошиот стил на живеење во кој спаѓа пушење, прекумерна тежина и недостиг на физичка активност може да го зголеми ризикот за развивање на фибромијалгијата.

Фактори на ризик за оваа болка се ладен простор и влага, несоница, физички и ментален замор, зголемена физичка активност, а во моментов не постои лек за ова пореметување.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com