Home » Жена во Грција подметнувала пожари за да флертува со пожарникарите

Жена во Грција подметнувала пожари за да флертува со пожарникарите

by Журнал.мк

Грчката полиција соопшти дека решила неверојатен случај во градот Триполи на Пелопонез, каде 44-годишна жена била обвинета дека подметнала неколку пожари, а во своја одбрана тврдела дека тоа го направила бидејќи уживала да ги гледа и да флертува со пожарникарите.

За своите постапки таа доби 36 месеци затвор и парична казна од 1.000 евра. Гркинката предизвикала два пожари на земјоделско земјиште, но за среќа не е причинета поголема штета бидејќи и двата брзо биле изгаснати.

Според грчките медиуми, 44-годишната жена станала главен осомничен кога пожарникарите забележале дека е присутна на двете жаришта, пишува Грик Репортер. Таа признала дека сакала да запознае маж во униформа.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More