Home » Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити

Жена од Пробиштип измамена, на нејзино име подигнати два кредити

by Журнал.мк

Педесет и шестгодишна жена од Пробиштип пријавила дека бил измамена од едно лице за сума од 1.434.000 денари. Измамата ја пријавила вчера во 13 часот во ОВР-Пробиштип. Секторот за внатрешни работи во денешното соопштение информира дека според пријавеното, на почетокот на јануари 2025 година лицето телефонски стапило во контакт со неа и ја известило дека е по потекло од Штип, дека живее во Велика Британија и дека во неговата агенција стигнал документ со кој се потврдува дека таа е наследник на 590.000 евра, кои биле во криптовалути и доколу сака да ги земе ќе мора да плати одредена сума на пари.

-Како што е пријавено, лицето ја убедило да инсталира неколку апликации и да подигне кредит од финансиско друштво од 250.000 денари, кои веднаш ги преземал преку една од апликациите со која имал контрола над нејзиниот телефон. Исто така, според пријавеното, на почетокот на февруари, таа извадила извод од банка и констатирала дека преку електронско аплицирање, а без нејзино знаење и одобрение биле подигнати два кредити од банката во вкупен износ од 1.184.000 денари, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во соопштението се наведува дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk