12.8 C
Skopje
6 March, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаЖена која во матичната евиденција се водела како почината од 2006 година,...

Жена која во матичната евиденција се водела како почината од 2006 година, родила дете во декември 2025

- Advertisement -spot_img

На 12.02.2026 во 13:40 часот во СВР Тетово, тројца вработени во Центар за социјални работи Тетово пријавиле дека се сомневаат за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Според пријавата, на 21.01.2026 во Центарот пристигнало известување од Управата за водење матични книги дека на 08.12.2025 во Клиничка болница Тетово е родено женско дете од мајка А.С.(27), а при постапката за регистрирање на новородено дете во евиденциите на Управата мајката се водела како почината на 21.10.2006.

По преземени мерки и испратени покани, на 12.02.2026 лицето А.С. се појавила во Центарот за социјални работи со новороденото дете заедно со едно машко лице, но не приложиле никаков документ за идентификација. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

На 12.02.2026 во 22:20 часот во Полициското одделение Жеровјане, Љ.К. пријавил дека неговата мајка В.К.(53) од с.Радиовце, тетовско, се оддалечила од домот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 12.02.2026 во 17:10 часот, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека со повреди и за укажување лекарска помош кај нив е донесен Е.М.(25) од с.Градец, гостиварско. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни задачи во фирма во Гостивар. Увид е извршен и се работи на расчистување на случајот.

На 12.02.2026 во 15:00 часот во Полициското одделение Јегуновце, В.Р.(57) од с.Сиричино, тетовско, пријавила дека околу 15:00 часот во селото, по кратка расправија, била физички нападната од Б.Р. од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 12.02.2026 во 11:00 часот во СВР Тетово, П.С.(64) од Тетово пријавил дека бил физички нападнат од Б.П. од с.Брвеница, тетовско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во текот на вчерашниот ден (11 февруари) на подрачјето на СВР Тетово, спроведена е контрола на возила и возачи. При контролата санкционирани се вкупно 10 возачи (ТЕ-6 и ГВ-4) за непрописно паркирање, а 19 возила (ТЕ-14 и Гв-5) се подигнати со специјално возило пајак. Санкционирани се и 48 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-32 и ГВ-16).

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img