Home » Жена измамена во Тетово – подигнале „брз кредит“ во нејзино име

Жена измамена во Тетово – подигнале „брз кредит“ во нејзино име

by Журнал.мк

Дваесет и осумгодишна жена од Тетово во средата пријавила обид за измама од лице преку социјалните мрежи.

Според пријавата, непознатиот човек на 18ти декември ја контактирал на социјална мрежа со цел да донира средства за нејзиниот болен брат и од неа побарал лична карта и трансакциска сметка од лице кое е во работен однос во фамилијата.

Оштетената ги дала своите информации, по што на сметката набргу и пристигнале 19.000 денари, од кои 15.000 биле наменети за донорот, додека пак 4.000 ги оставил како донација.

По трансакцијата, тетовчанката отишла во банка каде што и било соопштено дека парите биле пуштени преку една од канцелариите за брзи кредити како кредит на нејзино име. Од банката веднаш реагирале и ги вратиле парите назад кон испраќачот.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk