Home » Зградата на косовската влада осветлена во боите на украинското знаме

Зградата на косовската влада осветлена во боите на украинското знаме

by Журнал.мк

Зградата на Владата на Косово синоќа беше осветлена со знамето на Украина во знак на солидарност со таа земја откако Русија ги призна украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.

Косовскиот премиер Албин Курти во објава на Твитер рече дека „колку и да се темни времињата или колку е тешка борбата, историјата ги фаворизира праведниците“.

„Во овој критичен момент за украинскиот народ ја осветливме зградата на Владата за да ја покажеме солидарноста на народот на Косово со народот на Украина“ – напиша Курти.

Претходно вчера премиерот Курти изјави дека Владата на Косово ги поддржува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Украина. Тој нагласи дека Косово секогаш ќе биде координирано со Европската Унија, САД и НАТО.

Потсетуваме дека Русија ги призна украинските сепаратистички региони Доњецк и Луганск.

Лидерите на Европската Унија и НАТО, како и бројни земји, остро го осудија чинот на Путин, ја повторија својата поддршка за Украина и најавија заедничка реакција.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk