Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека зграда на периферијата на главниот град е оштетена во напад со украински дрон врз руската престолнина.
На социјалните мрежи се појавија видеа и фотографии на кои се гледа штета на зграда во станбениот комплекс „Мирак Парк“ на Вернадски проспект во југозападна Москва.
„Киев Индепендент“ ја објавува изјавата на Собанин дека никој не е повреден во овој напад и дека штетата сè уште се проценува.
Нападите со украински беспилотни летала во Русија доведоа до затворање на аеродромите во земјата неколку ноќи по ред, а летовите на московскиот аеродром Внуково беа привремено прекинати вечерва повторно поради најновите воздушни напади.