Home » Зголемени цените на индустриските производи

Зголемени цените на индустриските производи

by Журнал.мк

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска соопшти дека вкупните продажни цени на производителите на индустриски производи (на домашниот и на меѓународниот пазар) во март 2025 година се покачени за 0,4 отсто во споредба со претходниот месец, а во однос на март минатата година за 7 отсто.

На светските пазари, во март 2025 година, цените на индустриските производи забележаа пораст од 0,5 проценти во однос на февруари, а споредено со истиот месец претходната година, зголемувањето изнесува 7,3 проценти.

Според податоците на ДЗС, во март, во споредба со февруари, е забележано намалување на продажните цени на индустриските производи во секторите Рударство и вадење камен за 0,1 процент и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,2 проценти. Во Преработувачката индустрија има зголемување за 0,4 проценти, додека во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината не се забележани промени.

На годишно ниво, во март оваа година во споредба со март минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи се зголемени за 19,1 процент во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, за 12,8 проценти во Рударство и вадење камен, за 6,2 проценти во Преработувачката индустрија и за 4,8 проценти во секторот Снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината, наведуваат од ДЗС.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk