Home » Зголемен е бројот на транзитни мигранти во Центарот Табановце

Зголемен е бројот на транзитни мигранти во Центарот Табановце

by Журнал.мк

Ниту зимата не го запира протокот на мигранти. Напротив, бројот на мигранти кои минуваат низ Северна Македонија за да заминат во Европа е зголемен во споредба со другите месеци. Во овој период од годината во транзитниот камп на Табановце се сместени месечно околу 300 мигранти од повеќе земји, главно од исток, но нивниот престој е краткотраен, бидејќи сите го имаат за цел западот.

Зад мене се овие кабини во кои се сместени десетици мигранти од различни земји низ светот, кои велат дека поголемиот дел од денот го поминуваат внатре, поради немањето активности и ниските температури.

Моментално во овој камп престојуваат 39 лица од Сомалија, Авганистан, Индија и Непал. Повеќето од нив дошле сами или со пријатели, а родниот крај го напуштиле главно од финансиски причини. Во кампот во моментов нема деца и тинејџери.

„Јас сум од Авганистан. Јас сум во овој камп веќе 12 дена… Авганистан не е добро место за бизнис, за работа.. Ќе одам во друга земја, не ми се допаѓа оваа земја. Сакам да одам во Италија“, рече еден мигрант.

„Проблеми со платите, многу проблеми, Индија не е добро место за работа. Само пријатели од Индија, ние сме 5 пријатели. Ќе одам на некое подобро место, мислам во Европа, не знам која земја, само некаде во Европа”, додаде друг.

„Немаме активности, само јадеме, пиеме и спиеме, а сакаме да одиме во друга земја… Јас сум од Непал и сакам да одам во Европа”, нагласи еден мигрант.

„Работев како земјоделец, работев во градежништво, тука не работам. Сам сум, немам семејство. Бев во Бугарија, во Србија, сега дојдов овде во Македонија“, рече еден мигрант.

Филип Христов од Здружението на млади правници од Скопје вели дека најмалку еднаш месечно мигрантите кои се фатени додека нелегално се превезуваат завршуваат во овој камп. Тој вели дека има многу ретки случаи кога мигрантите бараат азил во Македонија.

Претставници на Министерството за социјала, демографија и млади велат дека кампот има 29 бараки и капацитет за 150 мигранти. Достапни се и големи шатори, кои заедно го зголемуваат капацитетот на кампот до 1.000 мигранти. Оттаму соопштуваат дека во текот на 2024 година низ транзитниот камп во Табановце поминале 2.352 мигранти. Велат дека на мигрантите им се нудат добри услови, додека двајца лекари се достапни за нивната здравствена заштита.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk