Home » Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

Зголемен бројот на туристи и на ноќевања

by Журнал.мк

Во јуни годинава во земјава се евидентирани 119 751 туристи, од кои 23.0 % биле домашни туристи, а 77.0 % странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во јуни 2024 година изнесува 245 249, од кои 27.6 % се од домашните туристи, а 72.4 % од
странските.

Во периодот јануари – јуни 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е
зголемен за 11.1 %, и тоа: кај домашните туристи за 3.3 %, а кај странските за 14.4 %.

Зголемување во периодот јануари – јуни годинава има и кај бројот на ноќевањата, за 9,9 %. Кај домашните туристи зголемувањето е за 6.3 %, а кај странските за 11.8 %.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More