Колапси, повредени во сообраќајни несреќи, луѓе кои по постот претерале со алкохол и мрсна храна – Итната медицинска помош со полни раце работа за велигденските празници. За едно деноноќие, 65 интервенции.
Испостеност, прејаденост, сообраќајни несреќи, температурни разлики се причините за зголемен број повици во Итната медицинска помош. Лекарите апелираат, умерено да се консумира храна и алкохол. Посебно да внимаваат оние кои постеле, да не се прејадуваат за да не се повтори лошото искуство од претходните години на труење од јајца.
Брза помош, најчесто бараат повозрасните кои останале сами дома за време на празникот, но имаат и повици од помлади.
Брзата помош за едно деноноќие имала 65 повици. 6,7 медицински екипи и околу 12-тина амбулантни возила. Апелираат граѓаните да се јавуваат кога е најнеопходно.