Home » Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција, намалување на хоспитализираните и заразените

Зголемен број починати од Ковид-19 во Грција, намалување на хоспитализираните и заразените

by Журнал

Во периодот од 8 до 14 декември во Грција е регистрирано намалување на бројот на заразени со Ковид-19, на хоспитализирани лица и на приклучени на апарати, но зголемен е бројот на починати, вкупно 103, согласно податоците од Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Според неделниот извештај на ЕОДИ, починатите 103 лица се на возраст од 52 до 99 години и има зголемување во споредба со една седмица претходно, кога бројот на починати беше 90.

Хоспитализирани биле 1. 162 лица, за 27 отсто помалку од просекот во изминатите четири седмици, а намалување има и кај пациентите приклучени на апарати.

Позитивноста кај сите тестирани примероци, според ЕОДИ, бележи значително намалување во однос на претходната седмица. Во однос на подваријантите присутни во Грција, доминантна е JN.

1 со 44 проценти, а потоа е EG. 5 (Ерис) со 31 отсто.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More