Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8 % во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1,4 %, додека кај странските има раст од 9,6 %.
Во септември 2025 година во земјава престојувале 132.999 туристи, кои оствариле вкупно 262.686 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Од вкупниот број туристи, 24,6 % се домашни, а 75,4 % странски посетители. Кај ноќевањата, домашните туристи учествуваат со 31,8 %, а странските со 68,2 %.
Во периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број на туристи е зголемен за 5,8 % во однос на истиот период минатата година. Домашните туристи бележат намалување од 1,4 %, додека кај странските има раст од 9,6 %.
Кај вкупните ноќевања е забележано зголемување од 0,9 %, при што кај домашните туристи има пад од 3,8 %, а кај странските раст од 7 %.
Најмногу странски туристи во септември пристигнале од: Турција, Србија, Германија и Полска.








