Home » Зголемен број на лица со нарушено ментално здравје

Зголемен број на лица со нарушено ментално здравје

by Журнал.мк

Менталното здравје е еден значаен ресурс на целото општество на индивидуален и колективен план, но за жал многу фактори кој ги применува и самиот човек придонесуваат за нарушување на хомеостазата и психичката рамнотежа кај индивидуата без разлика на возрасната категорија…

Процентот, на стресогени фактори кои придонесуваат за сериозно нарушување на менталното здравје бележи пораст на светско ниво и низ различни форми е опфатена секоја возрасна категорија велат психолозите. Кај тинејџерите водечко место зазема булингот. Доколку почетната фаза не биде навремено препознаена и превенирана последиците можат да бидат катастрофални кажува искуството на експертите.

„Младите лица се чувствуваат одговорни и виновни за она што им се случува, за непријатностите. Заради тоа кај нив многу тешко се забележува тој ментален проблем кој се јавува во почетната фаза бидејќи децата го кријат тој проблем сметајќи дека се одговорни и тоа се нарекува токсичен срам во кој тие се чувствуваат исплашено“ вели психологот Марија Димовска.

Професорката во пензија вели дека некои потешки случаи завршуваат и со посегнување по сопствениот живот. Но на болеста на модерното време не се имуни и повозрасните работоспособни лица. Мобингот и дискриминацијата како најнечовечна форма за многу кратко време можат да ја нарушат рамнотежата на менталното здравје, вели Димовска.

„Меѓутоа многу тешки последици има врз психолошката состојба на човекот кој што е малтретиран или понижуван бидејќи може големи ментални последици да донесе. Сепак неопходно е и ете во зародиш и кај нас се активности кој што ќе го заштитат вработениот од мобинг бидејќи тоа е една од најнепристојните начини на однесување“, додава Димовска.

Психотерапевтите децидни за поефикасно справување со сите овие аномалии потребна е сеопфатна организираност и користење на примерите на превентива од понапредните земји.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More