Home » Згмечен автобусот откога удри во друг автобус во Осиек, бројот на повредени се искачи на 20 лица

Згмечен автобусот откога удри во друг автобус во Осиек, бројот на повредени се искачи на 20 лица

by Журнал.мк

Дваесет лица се повредени во судир на два градски автобуса, што се случи утринава на раскрсницата на улиците Вуковарска и Чесариќева во Осиек, а според досегашните информации, никој не е во животна опасност, известија од градската управа на Осиек.

Градоначалникот Иван Радиќ за новинарите изјави дека несреќата се случила утрово околу 6.40 часот кога автобус од Градскиот патнички превоз (ГПП) во Осиек запрел на семафор со десет патници кога во него удрил друг автобус со 20 патници.

Во болница се примени 20 повредени лица, засега ниедно не е во животна опасност, а во тек е полициска истрага за утврдување на причините за несреќата, посочи градоначалникот.

Тој додаде дека автобусот, кој удрил во друг автобус, полицијата ќе го однесе на технички преглед, иако веќе поминал редовен технички преглед, а во февруари периодичен технички преглед, кој не констатирал недостатоци.

Градоначалникот Радиќ на сите повредени патници им посака брзо закрепнување. Од КБЦ Осиек потврдија дека примиле 20 повредени лица, медицинската помош е во тек, а според првичните информации, ниедна од повредите не е опасна за животот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk