7.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Земјотрес од 6,2 степена во канадската провинција Британска Колумбија

Најчитани вести

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 177 километри западно од канадскиот град Порт Харди, во провинцијата Британска Колумбија, соопшти Американскиот геолошки институт, цитиран од британските медиуми.

Епицентарот на ударот бил на длабочина од 10 километри. Потресот бил на 518 километри западно од Ванкувер.

Засега нема податоци за жртви и разурнувања, пренесе БТА.

Нема предупредувања за високи бранови и за цунами.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com