Home » Земјотресите од Косово почувствувани во Македонија со следната јачина

Земјотресите од Косово почувствувани во Македонија со следната јачина

by Журнал.мк

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава, 12.12.2024 година во 01 часот и 46 минути и 03 часот и 59 минути, регистрираа земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Р. Косово.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата:

– епицентарот на првиот земјотрес е 76 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда М L 4.0, a е почувствуван во северозападниот дел на државата со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала,

– епицентарот на вториот земјотрес е 66 км северозападно од Скопје со локална Рихтерова магнитуда М L 3.3 а е почувствуван само во западниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk