Земјотрес со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала се почувствува во 09:18 часот во Штип и околината, што е регистриран и во Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ во Скопје.
„Епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Штип – Радовиш на 70 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија.
Потресот беше краток.
Ова е втор земјотрес од ноќеска по оној во Дебар во 01.50 часот.