53
Земјотрес со интензитет од 4 степени според Рихтеровата скала ја погоди денеска централната турска провинција Сивас, соопштија од Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби.
Епицентарот бил во близина на градот Гурјун, на длабочина од седум километри.
До овој момент, нема информации за жртви или предизвикана материјална штета.