Home » Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу, предупредување за опасност од цунами

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу, предупредување за опасност од цунами

by Журнал.мк

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот брег на Перу, информираа Геолошкиот институт на САД и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, пренесува Си-ен-ен.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 28 километри западно од Атикипа, на околу 600 километри јужно од главниот град Лима, а бил на длабочина од 28 километри.

Пацифичкиот центар за предупредување од цунами издаде предупредување за можни бранови предизвикани од цунами кои можат да достигнат од еден до три метри на некои делови од брегот на Перу.

„Врз основа на сите достапни податоци, за некој делови од брегот се предвидуваат опасни бранови од цунами“, соопштија оттаму.

Оттаму информираат и дека нема ризик од цунами за американскиот Западен брег.

Геофизичкиот институт на Перу издаде предупредување за цунами, посочувајќи дека властите треба да активираат протоколи за заштита на населението поради можна појава од цунами.

Перуанските власти, пка, на Икс соопштија дека владата ја следи ситуацијата и прави проценка на секоја пријавена штета.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More