Home » Земјотрес со јачина од 4,9 степени во Јадранско Море, почувствуван на југот од Хрватска

Земјотрес со јачина од 4,9 степени во Јадранско Море, почувствуван на југот од Хрватска

by Журнал.мк

Земјотресот бил почувствуван во пошироко подрачје, од Дубровник до Задар

Земјотрес со јачина од 4,9 според Рихтеровата скала утрово е регистриран во Јадранското Море во 10:23 часот по локално време, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).

Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил во Јадранското Море, 80 километри јужно од островот Мљет, на 94 километри од Дубровник и на 104 километри североисточно од Бари.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.

Земјотресот бил почувствуван во пошироко подрачје од Дубровник до Задар.

Нема информации за причинета материјална штета.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More