Home » Земјоделците од струмичко Просениково на протест поради ниските цени на доматите

Земјоделците од струмичко Просениково на протест поради ниските цени на доматите

by Журнал.мк

Селаните од струмичкото село Просениково денес одржаа протест пред селото поради ниските откупни цени на патлиџаните кои секојдневно паѓаат поради прекупците.

Пратеникот Сашко Јанчев, координаторот на Секор – земјоделие на Левица и членовите на Локалниот огранок на Левица од Струмица беа на протестот да им дадат поддршка на земјоделците.

Пратеникот Сашко Јанчев изјави:

,,Главен виновник за ниските цени е зелената мафија на прекупци која секојдневно ја спушта цената.

Со понудената сегашна цена тие не можат да си ги покријат ни трошоците за производство и велат дека ако вака продолжи и она малку младо население кое е останато во селата, ќе ја напушти државата”.

Пратеникот Јанчев пред земјоделците ги потенцираше и програмските заложби на Левица во областа на земјоделието.

,,Зелената мафија мора да се разбие. Мора да се отворат државни откупни центри кои ќе ги диктираат фер – цените за откуп! Стоковните резерви на државата мора да се пополнуваат само со домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците, мора да се гарантираат фер – минимум откупни цени и мора да се отворат државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со домашно произведена храна: АРМ, градинки, школи, болници итн.”, истакна Јанчев.

Ова се дел од мерките предвидени во Програмата на Левица за спас на земјоделието.

Селаните од овој крај кажаа дека ќе продолжат со протести, а Левица им дава безрезервна поддршка.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More