Home » Земјоделците немаат навика да ги осигураат своите ниви, осигураните не се задоволни од исплатата

Земјоделците немаат навика да ги осигураат своите ниви, осигураните не се задоволни од исплатата

by Журнал

Вложена работа, време, пари и труд за квалитетни земјоделски производи, и честопати временските услови уништуваат се. Некогаш секој земјоделски посев бил осигуран, со што земјоделците биле сигурни за она што го работат. Денеска велат немаат навика, па ретко кога се осигура некоја нива. Децидни се дека треба да ги осигураат нивите со цел да го заштитат производството од елементарните непододи, поплави, пожари и слично, но повторуваат за тоа немаат навика.

„Јас сум регистриран индивидуален земјоделец. Немаме некоја навика, иначе добро е, како го осигураме возилото, добро е да се осигура. Ама немаме навика уште. Не сум ниту запознаен јас, можеби не е скапо ама пак ќе кажам немаме навика.

Малкумината произведувачи на зеленчук и овошје кои ги осигурале своите ниви велат дека тоа го сториле за да добијат субвенции. Но, даваат дека не се задоволни од исплатата на премии.

„За субвенции мора. Само тешка работа е. Ептен со земјоделието е многу тешко. Моментално не сум задоволен од осигурувањето“ – велат друг дел од прадавачите.

Кога се во прашање финансиските средства за осигурување земјоделците велат дека не се запознаени со истите, бидејки нивните ниви не се осигурани.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More