Home » Земјоделци открија како се мачат со фолиите и снегот: И после, скапа ви е зелката?!

Земјоделци открија како се мачат со фолиите и снегот: И после, скапа ви е зелката?!

by Журнал.мк

Бурни реакции деновиве предизвикаа објави од земјоделци на социјалните групи посветени на земјоделството во земјава, кои откриваат како во снежни услови се мачат да ја заштитат зелката и марулата која ја одгледуваат под фолии.
Според нивните фотографии и видео снимки, во лоши временски услови тие се трудат да го расчистат снегот кој ги покрил фолиите под кои ги одгледуваат земјоделските култури, и прашуваат – И после, скапа ви е зелката?

Објавите предизвикаа стотици коментари од граѓани, кои тврдат дека секоја работа има своја тежина, но за наш стандард, сепак 80 или 100 денари за зелка е скапо.

Се реагира и под објавите на одгледувачите на марула, кои исто се пожалија дека работата им е тешка и порачаа дека граѓаните не треба да се жалат на високите цени на нивниот производ.

-Дојдете да чистите снег, па кажете после дека скапо било, коментираа земјоделци, кои поттикнаа полемики околу тоа дали навистина цените на зеленчукот се реални и соодветни според просечните примања на народот, или пак цените се изгор скапи.

Инаку, последниве години цените на домашниот зеленчук се во постојан пораст. Според експертите, тоа се должи на намалената понуда на пазарот, односно на намаленото производство.

Се повеќе земјоделци, посебно помладите генерации се откажуваат од одгледување на зеленчук, но и на овошје и грозје, а најчесто се жалат дека освен ниските откупни цени, голем проблем е и недоволната модернизација.
Со модернизација, со помалку труд може да се дојде до поголемо производство, но мал е бројот на оние земјоделци кои инвестираат во модернизацијата, односно во нови современи земјоделски машини и уреди.

Според податоци од Државниот завод за статистика, цените за земјоделските производи пред два месеца биле дури за 18 проценти повисоки од истиот период пред една година. Исто така, според ДЗС, цените на трошоците за производство речиси се непроменети од лани, но земјоделците реагираат дека од минатата година, значително е зголемена цената на работната рака, односно на аргатите, што имало влијание врз формирање на цената на производот.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk