Home » Земјава кубури за висококвалификуван кадар, а во Агенција за вработување над 600 магистри и дваесет доктори на науки чекаат работа

Земјава кубури за висококвалификуван кадар, а во Агенција за вработување над 600 магистри и дваесет доктори на науки чекаат работа

by Журнал.мк

Бројот на високообразовани кадри во земјава од година во година бележи опаѓање. Според статистиката во 2023 година, бројот на завршени магистри опаднал за 3 отсто, а за 12 проценти пад е регистриран и кај лица кои добиле звање „доктор на науки“.

Иако земјава кубури со висококвалификуван кадар, а проблемот дополнително се влошува и со големиот одлив од земјава, сепак она што стои како нелогичен податок е оној од Агенцијата за вработување каде што се вели дека во моментов работа бараат над 600 магистри и над 20 доктори на науки.

Статистиката нотира и дека најголем интерес за магистерски студии има во областите на бизнисот, администрацијата и правото, инженерството, производството и градежништвото и општествените науки, додека најпривлечни области за запишување докторски студии биле бизнисот, администрацијата и правото, здравството и социјалната заштита, општествените науки, новинарството и информирањето, уметноста и хуманистичките науки.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More