Home » Зеленски: Украина е подготвена за мир

Зеленски: Украина е подготвена за мир

by Журнал.мк

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на американскиот тим за конструктивните разговори во Саудиска Арабија.

Toj рече дека 30-дневниот предлог за прекин на огнот ја опфаќа линијата на фронтот, а не само воздухот и морето.

„Американската страна ги разбира нашите аргументи, ги прифаќа нашите предлози и сакам да му се заблагодарам на претседателот Трамп за конструктивноста на разговорите меѓу нашите тимови“, рече тој во изјавата за Телеграм.

Зеленски потврди дека Украина го прифатила предлогот за прекин на огнот, додавајќи дека „го смета за позитивен и е подготвен да го преземе овој чекор“.

„Украина е подготвена за мир“, рече Зеленски.

По средбата во Џеда, претставници на украинската и американската делегација дадоа заедничка изјава.

„САД веднаш ќе ја укинат паузата во споделувањето разузнавачки информации и ќе ја продолжат својата безбедносна помош за Украина“, се вели во извештајот.

Двете земји презедоа „важни чекори кон враќање на траен мир“ за Украина за време на денешниот состанок, додаде Стејт департментот.

Украина, исто така, изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за итен, привремен прекин на огнот од 30 дена.

Двете земји, исто така, соопштија дека се согласиле да склучат договор за развој на критичните минерални ресурси на Украина.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk