Home » Зеленски бара оставка или разрешување на шефот на украинската војска

Зеленски бара оставка или разрешување на шефот на украинската војска

by Журнал

„Лично, мислам дека ова е лоша идеја. Нема суштински прашања меѓу нив, но канцеларијата на Зеленски е загрижена поради тоа што Залужни дава политички, а не воени изјави“, рече Гончаренко.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера побарал од врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни, да поднесе оставка, но генералот наводно го одбил барањето,објави денеска Гардијан. Весникот наведува дека се очекува Зеленски наскоро да го разреши Залужни.

Олекси Гончаренко, пратеник од украинската опозиција и сојузник на генералот, рече дека дознал дека „вчера претседателот побарал од Залужни да поднесе оставка, но тој одбил да го стори тоа“.

„Лично, мислам дека ова е лоша идеја. Нема суштински прашања меѓу нив, но канцеларијата на Зеленски е загрижена поради тоа што Залужни дава политички, а не воени изјави“, рече Гончаренко.

Гардијан, пак, пишува дека тензиите меѓу двајцата, траат со месеци, по неуспехот на летната контраофанзива на Украина. Според лондонскиот весник, на местото на Залужни најверојатно ќе дојде Кирило Буданов, актуелен шеф на разузнавањето.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More