Home » Зеленска во дводневна посета на Словенија

Зеленска во дводневна посета на Словенија

by Журнал.мк

Сопругата на украинскиот претседател, Олена Зеленска денеска пристигна во посета на Словенија, на покана на сопругот на словенечката претседателка, Алеш Мусар.

Зеленска, придружувана од делегацијата, прво разговараше со претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, а потоа се очекува украинската прва дама и сопругот на словенечката претседателка да ја посетат детската клиника во Љубљана, јавија денеска словенечките медиуми.

Главната причина за нејзината посета е учеството на утрешниот состанок на Советодавниот одбор на Организацијата за зајакнување на човековата безбедност (ИТФ). Таа заедно со првиот потпретседател на украинската влада и министерката за економија Јулија Свириденко ќе ги презентира потребите на Украина во областа на хуманитарната помош за жртвите од војната.

Пред тоа, поздравни говори ќе имаат амбасадорката на Франција во Словенија и претседателката на советодавниот одбор на ИТФ, Флоренс Леви, претседателката на Словенија и нејзиниот сопруг, додека директорот на ИТФ организацијата, Томаж Ловрчнич ќе го презентира извештајот за оваа година и проектите за следната година.

Во рамки на дводневната посета, украинската делегација ќе биде примена и од премиерот на Словенија, Роберт Голоб.

Во јуни оваа година, украинскиот претседател Володимир Зеленски беше домаќин на претседателката на Словенија во Киев. По тој повод, меѓу другото, се зборуваше и за патот кон мирот и потпишаа меморандум за соработка на полето на поддршка на украинските граѓани привремено раселени во Словенија.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk