Зелениот чај е распространет низ целиот свет и се смета за еден од најздравите пијалоци. Зелениот чај содржи кофеин и консумирањето во поголеми количини може да предизвика проблеми со спиењето.
Содржи моќни антиоксидативни материи, како полифеноли, антоцијанини и најразлични типови флавонодни антиоксиданти. Со антиоксидансите кои ги содржи, помага во заштитата од рак на дојка, простата и дебело црево.
Зелениот чај е природен стимулант, односно ја поттикнува работата на мозокот, ни помага да останеме фокусирани и ја засилува будност.
Го забрзува метаболизмот и го асистира согорувањето на масни наслаги на стомакот што помага во достигнувањето на нормална тежина. Помага за намалување на лошиот LDL холестерол со што автоматски се подобрува здравјето на срцето.
Лицата кои редовно пијат зелен чај имаат подобар имунолошки сиситем.
Зелениот чај не само што е сојузник на здравјето, туку е и асистент за разубавување. Секојдневното консумирање на зелен чај помага за подобрување на еластичноста на кожата, смирување на иритации и придобивање на блескав, изедначен тен.