Home » Здружението на индустријата во Германија со алармантна порака: Земјата е во сериозна економска криза

Здружението на индустријата во Германија со алармантна порака: Земјата е во сериозна економска криза

by Журнал.мк

Германија е во длабока економска криза, соопшти денеска индустриското здружение БДИ, оценувајќи дека активноста во најголемата економија на еврозоната благо ќе се намали дури и во 2025 година.

Доколку се оствари прогнозата на BDI за пад на активноста од 0,1 отсто во новата година, тоа би значело дека БДП ќе падне за прв пат по обединувањето на Германија три години по ред.

Еврозоната и светот очекуваат раст

Додека германската економија бележи пад на активноста, еврозоната би требало да порасне за 1,1 отсто, а светската за 3,2 отсто, според проценките на германската асоцијација. Тоа значи дека Германија би го задржала своето место меѓу членките на еврозоната со слаби економски резултати.

„Ситуацијата е многу сериозна, особено во индустријата која претрпе структурен колапс“, изјави во вторникот во Берлин претседателот на БДИ, Петер Лајбингер.

„Ова не е само последица на пандемијата и руската војна“

Според него, економската криза не е само последица на пандемијата и руската инвазија на Украина.

Проблемите се од домашна природа и се резултат на структурна слабост од 2018 година, која владите не можеа да ја решат, посочи Лајбингер. „Итно се потребни јавни инвестиции во модерна инфраструктура, трансформација и отпорност на нашата економија“, заклучи тој.

Според него, на германската економија и требаат пониски цени на енергијата, полесна регулатива и јасна стратегија која ќе ги зајакне иновациите и истражувањето.

За Германија е важно повторно да покаже самодоверба и повторно да игра водечка улога во ЕУ, а Европа треба да биде стратешки помалку зависна, нагласува тој.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk