Home » Здружението на јавните обвинители ги осуди заканите кон Јовески

Здружението на јавните обвинители ги осуди заканите кон Јовески

by Журнал.мк

Здружението на јавните обвинители во Република Северна Македонија, најостро ги осудува последните закани упатени кон јавниот обвинител на Република Северна Македонија.

Заканите упатени кон него, како највисок во јавнообвинителската хиерархија, претставуваат закана кон целата институција и сите носители на јавнообвинителската функција.

Вакви закани од било каде и од било кого да доаѓаат, најблаго речено се нецивилизациски чин. Истите се во спротивност со сите меѓународни акти и востановени стандарди за функционирањето на јавното обвинителство во секоја правна држава.

Јавното обвинителство како инситуција има интегритет и сила, преку носителите на јавнообвинителската функција со правни средства, да се бори против сите облици на криминалитет.

Во извршувањето на функцијата на кривично гонење на сторителите на кривични дела, никој и со никакви средства не може да го спречи јавното обвинителство, а уште помалку да го поколеба во извршувањето на неговите уставни и законски надлежности.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk