Home » Здружението Гоу Грин Скопје ги собра и достави првите младински барања со фокус на одржливиот транспорт

Здружението Гоу Грин Скопје ги собра и достави првите младински барања со фокус на одржливиот транспорт

by Журнал
Младинските барања за одржлив транспорт се дел од проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска

Минатата 2023  година беше првпат што го отворивме повикот (прашалникот) за прибирање младински барања за одржлив транспорт за 2024 година.

Прашалникот беше наменет за лица на возраст од 15 до 29 години (како што е наведено во Законот за млади на РСМ) и во него дадоа конкретни барања/предлози каде сакаат да ја видат промената во нивните општини. Целта на овој прашалник е да собере што е можно повеќе предлози и тие предлози што се соодветни и надлежна општината за нив, да им бидат доставени на градоначалниците. Прашалникот беше отворен за младите од јули до декември 2023 година.

Од собраните младински барања се избираат пет барања по општина. Секое барање коешто е доставено никако не е за потценување и да бидеме искрени малку ни е тешко кога треба да се издвојат најдобри пет. Првата селекција е преку избирање на оние кои содржат прецизни активности на точно определени локации. Бидејќи барањата треба успешно да бидат имплементирани, гледаме да се изберат најкорисните и најреалните кои понатака ќе придонесат за поодржлива општина. Барањата се селектираат според надлежностите што општините ги имаат, заедно со младинските претставници или младинските службеници за да може да биде што пореално реализирано наредната година.

Ова година соработувавме и доставивме младински барања до Град Скопје, Општина Куманово, Општина Гостивар и Општина Прилеп. До сега можеме да кажеме дека општините, а особено и градоначалниците се запознаени со целиот наш процес, заедно со нашите еко-активисти се отворени за комуникација и соработка.

Точно е дека, помеѓу општините со кои соработуваме постојат и општини што се и што се помалку заинтересирани, но, досегашната работа кажува дека има доста луѓе, особено младинските претставници се секогаш достапни и секогаш заинтересирани да поттикнеме промена и заедно да ја подобриме младинската инфраструктура во општините каде што соработуваме.

Сметаме дека вакви микро процеси како е нашата иницијатива се потребни за да ги „раздвижат“ и младите и вработените во општините за овие младински прашања. Да се создаде ниво на свест и разбирање со цел да се надминие токенизмот, и да има суштинско младиско учество.

Вклученоста на младите во зелените политики не е само симболичен гест; тоа е стратешки приоритет за градење одржлива иднина. Со иновациите и младинската перспектива на младите, ние го отклучуваме потенцијалот за трансформативни промени. Зајакнувањето на помладата генерација да го води патот во застапувањето за животната средина е инвестиција во свет каде што еколошката одржливост не е само цел, туку заедничка одговорност што ја прифаќаат сите.

Младинските барања за одржлив транспорт се дел од проектот “Младите за климатска акција и одржлив транспорт” во рамки на проектот „ГОи во акција за климатските промени“ спроведуван од Еко-свест, МЗМП и CVNP поддржан од Владата на Шведска

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More