Home » Здравствените работници излегуваат на протест за повисоки плати

Здравствените работници излегуваат на протест за повисоки плати

by Журнал.мк

Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, поддржан од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), за утре (8 април) најави протест пред Министерството за здравство.

Протестот го организираат за да го изразат незадоволството од непотпишување на анексот на колективниот договор за здравствена дејност со што требаше да се зголемат платите на вработените во овој сектор.

Протестот е закажан во 10 часот пред Министерството за здравство.

„Протестираме за да кажеме дека бараме да се потпише Анексот веднаш по завршување на изборниот процес, но со дополнително соодветно зголемување на коефициентите на вработените согласно зголемените трошоци на живот. Ги повикуваме политичките партии кои претендираат да ја водат државата и како наш иден социјален партнер да одвојат време да седнат со синдикатот и да ги слушнат барањата“, велат од ССМ.

Според проценките на синдикатите, со непотпишувањето на анексот повеќе од 20 илјади работници во здравството остануваат без усогласувањето на нивните плати со порастот на минималната плата.

Синдикатите веруваат дека ќе бидат слушнати нивните барања, а во спротивно велат, „повторно ќе се вратиме“.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More