Марулата е полна со антиоксиданси. Овие хемикалии за храна штитат од слободните радикали, кои предизвикуваат воспаление и можат да придонесат за болести на очите, дијабетес и други хронични состојби.
Зелената салата е најпопуларната салата во светот. Некои статистики покажуваат и дека е втора на листата зеленчуци сметано по консумацијата, веднаш зад компирот. Нејзината ниска калорична вредност и ниски маснотии од една, а од друга страна богата со витамини и протеини ја прави за една од најздравите, а со тоа и најбараните зеленчуци.
Зелената салата е добра за сите кои се обидуваат да изгубат вишок килограми бидејќи има релативно висок процент на влакна. Намирниците кои се богати со влакна помагаат да се чувствуваме сито и со помала количина на храна, а освен тоа го забрзуваат метаболизмот.
Ја одржува кожата ја храни и рехидрира и го спречува појавувањето на брчки.