Хељдата е богат извор на сложени јаглехидрати, протеини и растителни влакна. Храна што ја збогатува нашата исхрана, има позитивен ефект врз нашето здравје и генерално придонесува за зголемување на квалитетот на животот.
Хељдата содржи значително поголеми количества минерали од житарките, како ориз, пченица и пченка.
Хељда семето најчесто се користи во различни рецепти за чорби, супи и ладни салати. Може да се користи и како добра, квалитетна замена за оризот, а брашното од хељда е одлично за додавање во лебовите.
Не содржи глутен затоа е одличен избор за луѓе кои се алергични на глутен или имаат нетолеранција.
Хељдата има и најголем процент антиоксиданти меѓу житарките, а со нејзина консумација се намалува ризикот од рак, дијабетес и срцеви заболувања.