-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Здравствената администрација излезе на протести

Најчитани вести

Здравствената администрација и помошниот персонал побараа да бидат вклучени во зголемувањето на платите. Тие протестираа пред Министерството за здравство, додека од Синдикатот на Клиничкиот центар ги повикаа да не потпишат анекс договори во знак на протест. Тие се заканија со генерален штрајк доколку не бидат исполнети нивните барања.

Синдикатот на Клинички центар вели дека тие се во незавидна состојба затоа што, според нив, со непотпишување на колективни договори, повисоки плати нема да можат да добијат ниту лекари, ниту медицинските сестри.

Денешниот протест доаѓа два дена по изјавата на министерот за здравство, кој рече дека здравствената администрација не може да се одвои од администрацијата во другите сектори се додека не се постигне договор со Министерството за администрација за да се разгледа законската можност дали здравствената администрација може да се одвои од другите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com