Здравко Чолиќ се огласи за првпат откако експлозивна направа – бомба, беше фрлена врз неговата куќа во Белград.
Дежурниот јавен обвинител пристигна на местото на настанот веднаш по пријавата и заедно со полицијата ги утврдува сите околности на инцидентот.
Чола откри во интервју за „Уна.рс“ дека во моментов е надвор од Србија, поточно во Загреб, каде што ги завршува последните песни за својот нов албум.

„Сè е во ред во Белград, му благодарам на Господ што сите се добро. Го разбирам интересот на медиумите, но морам да истакнам дека некои изјави во медиумските текстови се протолкувани на начин што не одговара на вистинската состојба на работите. Верувам дека е важно информациите да се презентираат одговорно и врз основа на проверени факти. Истрагата е во тек и го чекаме полицискиот извештај“, рече Чолиќ.
Се сомнева дека непознато лице фрлило рачна граната во дворот на семејната куќа, додека мотивот за нападот сè уште не е познат.








