Home » Здрава храна со 5 зачини и нивно правилно консумирање

Здрава храна со 5 зачини и нивно правилно консумирање

by Журнал

Стручњаците од проектот „Здрава исхрана“ (Healthy Nutrition) препорачуваат консултација со лекар пред редовно консумирање на посочените зачини.

Истражувачите од проектот „Здрава исхрана“ (Healthy Nutrition) посочуваат пет зачини за подобрување на здравјето и зачувување на младоста и совети како правилно да се користат.

Куркума

Куркумата помага во борбата со воспалителните процеси во телото, ја подобрува функцијата на мозокот и ја намалува опасноста од рак, благодарение на куркуминот. Таа е нерастворлива во вода и има мала стапка на апсорпција. Познавачите советуваат да се додаде и црн пипер во јадењата, покрај куркумата, оти тој ја зголемува апсорпцијата на куркуминот.

Цимет

Циметот има смирувачки ефект. На пример, цејлонскиот цимет содржи и супстанции кои се природни антисептици.

Ѓумбир

За ѓумбирот се вели дека може да смири треска, да ублажи настинка, помага при надуеност и гадење и го подобрува варењето на храната. Сепак, ѓумбирот може да има штетно влијание за луѓе со гастроинтестинални и бубрежни проблеми. Здравиот човек може да зема четири грама ѓумбир на ден.

Лук

Лукот е природен антибиотик. Супстанцијата алицин, којашто е одговорна за неговата терапевтска функција, се распаѓа при повисока топлина. За да се извлече максимумот од лукот, треба да се јаде свеж. Едно чешне дневно ги спречува симптомите на настинка и го забрзува закрепнувањето по болеста.

Лути пиперки

И лутите пиперки го продолжуваат животот. Уникатната супстанција капсаицин во пиперките го подобрува метаболизмот и го намалува нивото на холестерол во крвта.

Стручњаците од проектот, сепак, препорачуваат и консултација со лекар пред редовно консумирање на овие зачини.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More